Промените кои мораме да ги направиме бараат промена на свеста и размислувањето на секој од нас

ВладаПромените кои мораме да ги направиме бараат промена на свеста и размислувањето...

Најчитано

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на завршната годишна конференција „Поглед подалеку“ на Обединетите Нации.

Вицепремиерот Битиќи се обрати на панел на кој се зборуваше за кризата низ која минуваме како и оние со кои Владата се справува во последните три години, за што вицепремиерот на почетокот на своето обраќање потенцираше дека неколкуте кризи кои каскадно ја зафатија нашата економија, а која е веќе составен дел на целокупните светски економски текови секако дека беа голем предизвик за владата соодветно и со прецизно дефинирани и таргетирани мерки да одговори на предизвикот со цел да им помогнеме на нашите сограѓани како и на компаниите кои беа најпогодени, полесно и најбезболно да го пребродат кризниот период.

„Во време на корона кризата беа имплементирани шест пакети антикризни мерки, во износ од преку 1 милијарда евра, и според оценките во извештаите на ММФ и Светска Банка истите беа оценети како добро спроведени, со посебен акцент на доброто таргетирање и навременоста на истите. Од самиот процес на носење и имплементација на мерките секако дека голем дел проблеми, особено оние системските, со кои се соочуваат институциите испливаа на површина. Но, не смееме да забораваме, во секоја криза солидарноста е круцијална и успехот да се таргетираат мерки кои ги допираат најранливите секако и најважен, во што сметам дека успеавме. ММФ  укажа дека поради тоа што помошта која ја дадовме низ мерките поради фактот дека била успешно таргетирана нашиот пад на економски раст беше за 4,2% помал од оној кој би го имале, што значи дека сега ќе бевме во многу длабока рецесија,“ рече Битиќи.

Дополнувајќи дека промена и адресирање на системските проблеми не може да се адресираат без промена на свеста и забрзано и засилено работење кон дигитализација.

„Системските и структурни проблеми кои излегоа на површина за време на кризите не може да се решат без промена на свеста и размислувањето. Наше е да избереме, дали ќе сакаме да се промениме или ќе оставиме за следните 5 години, но за тоа ќе плаќаат идните генерации.

Затоа мислам дека треба да ги прифатиме и признаеме сите системски недостатоци кои излегоа во криза и тие да се почетна точка за промена и искористување на можностите.  Една таква можност е забрзана дигитализација на услугите и целокупно економијата. Со што граѓаните и бизнисот ќе добиваат брзи и навремени услуги а со тоа ќе се зголеми и целокупната продуктивност,“ истакна Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека праведната енергетска транзиција е исто еден голем предизвик, со оглед фактот што во државата немало значајни инвестиции во унапредување на енергетскиот сектор во изминатите 30 години.

„Првите позначајни поместувања започнуваат некаде од почетокот на оваа декада, и тука нашата Влада е одлучна и максимално посветена на најбезболен начин да го изоди овој процес. Проблемите во енергетика не се решаваат преку ноќ – проблемот е повторно системски. Зелената транзиција требала да почне пред 10 години, не денеска. Но ние веќе активно работиме и имаме значителен напредок.

Само оваа година имаме веќе инсталирани производни капацитети од обновливи извори кои што се приклучени на мрежа со вкупен инсталиран капацитет од 141 мегават, дополнително што имаме одобрени три стратешки инвестиции во секторот енергетика со вкупен инсталиран капацитет од 335,2 MW електрична и 105 MW топлинска енергија.

Дополнително, зелените финансиски инструменти, како што и во оваа студија е нагласено, веќе функционираат во неколку земји во светот. Исто така и ние како држава веќе размислуваме во оваа насока, државата е спремна и секако кога ќе се исполнат сите предуслови најверојатно и ние како држава ќе може да одиме со еден ваков алтернативен начин на финансирање на нашата зелена транзиција,“ дополни Битиќи.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе