Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски и советникот Никола Пановски вчера ги посетија децата што се лекуваат на Клиниката за онкологија и им поделија пригодни новогодишни пакетчиња.
На малите и храбри борци Славевски и Пановски им посакаа што побрзо да оздрават и многу среќни и весели мигови со нивните семејства и другарчињата.
Извор: Град Скопје