HomeОпштиниГрад Скопје: Работен состанок со градоначалникот на градот Белград

Град Скопје: Работен состанок со градоначалникот на градот Белград

spot_img
spot_img

На покана на градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, градоначалничката Данела Арсовска денес во службена посета на Белград. Градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска  истакна дека оваа година е 10-годишнина од договорот за партнерство меѓу Скопје и Белград.

– Договоривме конкретни проекти за кои верувам дека во следната година ќе имаме сериозна имплементација. Двата града работат интензивно на справување со предизвиците но и на споделување на позитивните практики. На средбата се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и превземање на искуства со цел подобрување на јавните услуги како и конкретни активности за кои се договори оформување работни тела со претставници на двата града.  Заедно со градоначалникот Шапиќ, договоривме и конкретна соработка на проекти од заеднички интерес. – истакна Арсовска.

Белградскиот градоначалник доби покана да го посети градот Скопје и истакна дека во двата града живеат братски народи, Македонскиот и Српскиот.

 

 

– Нашите два града се братски градови, и пред формалното збратимување во 2012 година. Наша обврска е да ги зајакнеме овие односи. Токму близината помеѓу нашите два народи треба да ни помогне да ја интензивираме нашата соработка.

Тој додаде и дека токму овој близок однос помеѓу Скопје и Белград ја прави полесна и соработката.

– Од сето ова треба да извлечеме бенефит и да ги искористиме искуствата на Скопје, а тие да искористат некои наши искуства и на тој начин да си помогнеме, истакна Шапиќ.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија – 2026 година

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 Предвремени Парламентарни избори во Србија - 2026 година Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија