spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк

МОН: Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк

Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари. Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.

Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

Потсетуваме дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...