spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаАрбитражната пресуда со спорот ЕЛ.Пет Балканики и Република Северна Македонија е во...

Арбитражната пресуда со спорот ЕЛ.Пет Балканики и Република Северна Македонија е во полза на нашата држава со која ЕЛ.ПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела

Донесена е арбитражна пресуда во спорот меѓу ЕЛ.ПЕТ Балканики и Република Северна Македонија, кој произлегува од Договорот за продажба на акции на Рафинеријата ОКТА од 1999 година.

ЕЛ.ПЕТ побаруваше главен долг од 31,590.000,00 УСД по основ на непотрошен мазут на ОКТА од гарантираната годишна количина од 500.000 тони за годините 2008, 2009, 2010 и 2011 година. Исто така, побаруваше 5% годишна затезна камата сметано од 22.12.2015 година, што во апсолутен износ изнесува околу 11.056.000,00 УСД до 22.12.2022 година, како и адвокатски трошоци и трошоци на арбитражната постапка во износ од 1.439.920,00 ЕВРА.

Вкупното побарување на ЕЛ.ПЕТ Балканики по основ на главен долг и камата изнесува 42.646.000,00 УСД.

Арбитражниот суд досуди 21.478.797,00 УСД за главниот долг од побаруваните 31.590.000,00 УСД, како и затезна камата по ЕУРИБОР стапката која е негативна во претходниот период, наместо побаруваните 11.056.000,00 УСД. Со тоа вкупно досудениот износ по основ на главното побарување до денес е околу 21.478.797,00 УСД, што претставува околу 51% од побаруваниот износ со тужбата (42.646.000,00 УСД).

На ЕЛ.ПЕТ му се досудени и 787.334 ЕВРА за адвокатски и арбитражни трошоци од побаруваните 1.439.920,00 ЕВРА.

Со Пресудата е утврдено дека вкупната количина на потрошен мазут на ОКТА во период 2008-2011 година изнесува 1.204.489 тони, така што на ЕЛ.ПЕТ му следат пенали од 27 УСД по тон за 795.511 тони мазут.

Со Пресудата е утврдено дека ЕЛПЕТ нема право да бара пенали за периодот додека ОКТА не работела од 2012 до 2019 година, односно дека ова се последните пенали кои државата ги плаќа по основ на Договорот од 1999 година.

Застапник на Република Северна Македонија беше адвокатската куќа Дехерт од Париз.

Спорот траеше од 5 декември 2018 година.

Адвокатскиот тим на Дехерт од Париз ангажиран од Владата на Република Северна Македонија во претстојниот период ќе ја анализира Арбитражната пресуда, по што ќе биде донесена одлука за следните правни чекори кои ќе бидат преземени.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...