Владата е серозно посветена на дигитализацијата и зајакнувањето на национални капацитети за справување со потенцијални сајбер напади

ВладаВладата е серозно посветена на дигитализацијата и зајакнувањето на национални капацитети за...

Најчитано

Генералниот секретар на Владата, м-р Методија Димовски на покана на Првата македонска банкарска академија – АБИТ, во соработка со германската високообразовна установа, „Хајделберг – Институт за менаџмент и бизнис“, денеска се обрати на отворањето на Конференцијата на тема: „Сајбер безбедност и дигитална трансформација во балансирана хармонија: Копнеж за или достижна реалност?“.

Пред присутните експерти, колеги од владите во соседството, претставници на бизнис и академската заедница, генералниот секретар на Владата Димовски посочи дека темите за сајбер безбедноста и справувањето со заканите се прашања кои се од високо приоритено значење на Владата на Република Северна Македонија, која е посветена на зајакнување на националните капацитети за превенција и заштита од сајбер напади, спроведувајќи активности за подигнување на националната свест за сајбер безбедност.

„Токму затоа, уште во 2018 година, Владата на Република Северна Македонија донесе Национална стратегија за сајбер безбедност за периодот 2018-2022 година, чија цел е креирање на безбеден интернет простор за сите нас’, рече Димовски кој потенцираше дека Националната стратегија е насочена кон: воспоставување интегриран, мултидисциплинарен пристап за обезбедување поблиска соработка и координација меѓу одбранбениот и безбедносниот сектор, институциите вклучени во борбата против сајбер криминалот, приватниот сектор, граѓаните и граѓанските организации, како и други релевантни засегнати страни; зајакнување на институционалната и законската рамка во областа на сајбер безбедноста.

Во тој правец, Владата на Република Северна Македонија, подвлече Димовски, на почетокот на септември оваа година, донесе одлука за формирање на Национален совет за дигитална трансформација на општеството, чија основна цел е планирање, координирање и реализација на активностите потребни за дигитализација на процесите како и ефикасно справување со предизвиците што таа ги носи.

Димовски презентираше дека меѓу работните задачи на Советот, со кој претседава заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, меѓу другото вклучуваат:планирање и предлагање на иницијативи и оперативни планови за дигитална трансформација на општеството;предлагање на мерки кои би ја унапредиле дигиталната трансформација во согласност со целите на економскиот развој на макро ниво и во согласност со реформските планови; поставување на клучни индикатори за перформанси за дигитална трансформација во согласност со меѓународните најдобри практики во оваа област;давање на предлози за олеснување на процедурите на компаниите и инвеститорите во дигиталната трансформација на различните области.
Во Советот членуваат и други членови на Владата, заедно со претставници на Собранието на Република Северна Македонија, на стопанските комори и на академската заедница.

Генералниот секретар на Владата, во своето денешно обраќање во врска со дигиталната трансформација и сајбер безбедноста, особено ја истакна важноста од прилагодувањето на промените кои ги носат  информациско-комуникациските технологии.

„Употребата на овие технологии во континуитет се зголемува во нашата земја, не само во приватниот, туку и во јавниот сектор и тоа дава значителен придонес во развојот на економијата, животниот стандард и благосостојбата на целото општество.Но, секогаш постои „но“…Неодамнешните инциденти во дел од институциите на јавниот сектор, како и компромитирачките сајбер напади и инциденти во соседните земји, покажуваат дека дигитализацијата има и негативни страни, односно постои огромна реална закана за сите. Во таа смисла, не помалку важни, се и сајбер инцидентите кои ги погодуваат и семејствата и можат или доведуваат до финансиски загуби, прекин на работата, кражба на идентитетот и психолошки стрес“, додаде Димовски. Тој истакна дека несомнената зависност од новите технологии и потребата од поголема достапност на услугите во сајбер просторот, е причина, корисниците и институциите да ја зголемат свесноста за значењето на интегритетот, автентичноста и доверливоста на податоците.
Во оваа смисла, рече Димовски, Владата е целосно посветена на зајакнувањето на националните капацитети за справување со потенцијалните сајбер закани инивно навремено откривање и соодветнопостапување при зајакнување на  сајбер безбедноста.

Денешната Конференција организирана во хотел „Парк“, Скопје  како дел од настанот „Предновогодишни разговори“ и дел од активностите на Советот за дигитална трансформација во рамкинагерманскиотинститутХајделберг, во фокус ги имаше темите, за улогата на жените во сајбер безбедноста и дигитализацијата и нивната улога во обликувањето на инклузивната дигитализација.

Дел од денешните дискусии беа посветени на одржливата дигитализација во судскиот систем во нашата земја, како и значењето на дигиталната трансформација во постигнувањето на целите за одржлив развој, како и размена на европски искуства за поддршка на процесот на дигитализација воземјите од Западен Балкан.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе