МЖСПП: Инволвираноста на младите луѓе во Зелената агенда е од витално значење

МинистерстваМЖСПП: Инволвираноста на младите луѓе во Зелената агенда е од витално значење

Најчитано

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествуваше на конференцијата на тема „Mладинско учество и инволвираност на младите во зелената агенда, како основа за развој на демократско и зелено општество“ што се одржа во Куманово, во организација на Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД).

 

Потенцирајќи дека темата недвосмислено ја акцентира важната улога што младите луѓе ја имаат во градењето на зелените политики и во развојот на зелената иднина, заменик министерката Оџаклиеска во своето воведно обраќање објасни:

– Инволвираноста на младите луѓе во Зелената агенда е од витално значење, нивниот глас е моќна алатка, а нивната визија – платформа на која се темели иднината за која заеднички одлучуваме до кој степен ќе биде просперитетна и одржлива и дали ќе биде светла и зелена. Младите луѓе се оние кои ќе ги преживуваат последиците, па затоа и се свесни дека треба да бидат најгласни во борбата за зелено општество и подобро утре.

Министерството за животна средина и просторно плaнирање постојано ги поддржува активностите што се насочени кон зајакнување на младинскиот активизам. Успешен пример беше и проектот „Климатска дипломатија“, во чии рамки се одржуваа обуки на дваесеттина млади учесници од државата со цел да се запознаат со поимот климатска дипломатија. Оттука произлезе настан на кој избраните млади амбасадори за климатски промени ја симулираат Конференцијата на ОН за климатски промени СОР26 и се соочуваат со сите предизвици и последици од предложените решенија.

– Ние како држава посебно внимание посветуваме на градење на младински политики и изнаоѓање на механизми, не само за нивна еколошка едукација туку и за нивно реално вклучување во процесот на креирање политиките и донесување на одлуки. Јасно е дека младите имаат цврсти ставови и одлични креативни решенија за тоа како можат да се вклучат со претставниците од експертската јавност и јавната администрација во справувањето со климатските промени – истакна заменик министерката.

IMG_20221215_154617

Национална стратегија за млади 2016-2025 ги поставува основните принципи и насоки за акција на сите чинители во општеството кои ќе водат кон подобрување на социо-економската положба на младите и кон создавање на креативна средина која ќе им овозможи на младите да ги остваруваат своите права, потреби и интереси. Иако заштитата на животната средина не е помеѓу детално дефинираните области од интерес за младите во оваа стратегија, таа е од особено значење за зачувување на природната средина и квалитетот на живот и е во тесна поврзаност со здравјето и просперитетот на младите.

Конкретните и реални  решенија во нашата држава за да се слушне гласот на младите се повеќеслојни и вклучуваат: широк спектар на еколошки акции кои се организираат во рамките на образовниот процес, исто така, во најголемите и најмасовните активности за чистење на отпадот секогаш се вклучени најмасовните младински организации, а како еден од поиновативните проекти е платформата „Младите за климата“, креирана со цел да се вклучи гласот и визиите на младите во подготовката на исклучително важен документ наречен Национален придонес за климатски промени кон Договорот од Париз.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе