spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Нацрт-Законот за климатскa акција презентиран пред граѓанскиот сектор

МЖСПП: Нацрт-Законот за климатскa акција презентиран пред граѓанскиот сектор

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, беше одржана работна средба со цел презентција на одредбите од нацрт-законот за климатскa акција, согласно воспоставената практика на Mинистерството за комуникација со цивилниот сектор уште прeд фазата на поставување на нацрт-законите на ЕНЕР.

Нацрт-Законот за климатскa акција презентиран пред граѓанскиот сектор

На презентацијата, на која присуствуваше и заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, се разви обемна дискусија со претставниците од граѓанските организации за идните предизвици од аспект на примена на идните законски решенија во однос на одговор кон динамичното и обемно европско законодавство од областа клима.

 

Министерството за животна средина и понатаму ќе продолжи да ги комуницира и презентира своите предлог – закони заедно со граѓанскиот сектор и сите засегнати страни, со цел подобра координација, подготовка на подобри законски решенија и нивна поуспешна имплементација.

Воедно, МЖСПП е секогаш подготвено за продолжување на добрата соработка со граѓанскиот сектор, како засегната страна, чии забелешки и предлози ќе придонесат за подобрување на Нацрт – Законот.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...