МЖСПП: Потребен ни е континуитет во унапредувањето на методите за тестирање во Централната лабораторија

МинистерстваМЖСПП: Потребен ни е континуитет во унапредувањето на методите за тестирање во...

Најчитано

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска се обрати на отворањето на 20 – та седница на Собранието на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), што се одржа денес, на Архитектонскиот факултет во Скопје и на кое се избрана проф. д-р Јадранка Блажевска – Гилев за нов претседател на Собранието.

 

Во поздравното обраќање, Оџаклиеска ја исткана добрата соработка меѓу двете институции особено во процесите на акредитацијата на Централната лабораторијата за животна средина и на стандардизација на методите за тестирање.

– Централната лабораторија за животна средина е акредитирана токму од Институтот за Акредитација на Република Северна Македонија со сертификат со кој се потврдува дека се исполнети барањата на МКС EN ISO/IEC17025:2018. Со оваа постапка, Централната лабораторија е сертифицирана со 12 методи за тестирање, од кои 11 се за квалитет на вода и една за бучава.

2-5

Таа се осврна и на состојбата со квалитетот на воздух во Република Северна Македонија, велејќи дека е потребно новите методи за акредитација на лабораторијата, да бидат пред се за емисиите во воздухот, а понатаму и за другите дополнителни параметри за отпадна вода.

44

На Собранието се потпиша и Меморандум за соработка со Институтот за стандардизација на Црна Гора (ИСМЕ), кој ќе овозможи унапредување на регионалната соработка помеѓу двете институции како и унапредување на стандардите за животна средина.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе