spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на конференција за вклучување на младите во креирањето...

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на конференција за вклучување на младите во креирањето политики за животна средина на локално ниво

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествуваше на конференцијата “Зазеленување на младинското учество и политики”, која се одржа во рамки на ЕУ проектот “Младински активизам за позелени општини”.  Главна цел на конференцијата е да се потенцира значењето на активното вклучување на младите во процесите на креирање политики за животна средина на локално ниво, како и зајакнување на соработката меѓу младите и локалните самоуправи за унапредување на животната средина.

– Министерството за животна средина и просторно планирање со години активно работи на вклучувањето на младите во сите сегменти на општеството од областа на животната средина, во процесот на донесувањето на одлуки на локално ниво, како и во креирањето на квалитетни младински политики. МЖСПП ја препознава важната улога што младите луѓе ја имаат и треба да ја имаат во артикулирање на своите визии за иднината и во градењето на зелените политики, кон кои нашата држава се има определено – рече Оџаклиеска во своето воведно обраќање на настанот.

Заменик министерката Оџаклиеска на конференција за вклучување на младите во креира

– Младите, со својата јасна визија за иднината и подготвеноста да се справат со предизвиците со кои се соочува секое денешно општество, го создаваат концептот за модерно и развиено општество, но и општини кои соодветствуваат на современите потреби на младите- додаде заменик министерката Нагласувајќи дека младите се тие кои во иднина ќе треба да се справат со предизвици во животната средина,  ќе ги искусат последиците од одлуките што денес ги носиме, особено на оние што се однесуваат на климатските промени.

-Од таа причина тие треба да се најгласни во борбата за одржлив развој, позелено општество и подобро утре, а ние треба да го случнеме нивниот глас- истакна Оџаклиеска.

Конференцијата е во организација на Македонско здружение на млади правници Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...