Со владините антикризни мерки го ублажуваме ценовниот шок за граѓаните и креираме услови за напредок на домашните компании

ВладаСо владините антикризни мерки го ублажуваме ценовниот шок за граѓаните и креираме...

Најчитано

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја посетија компанија од млечната индустрија „Бучен Козјак“ во Куманово. За време на посетата продискутираа со сопствениците и со вработените кои истакнаа дека континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се препознатливи и по кое ја стекнале довербата од граѓаните за нивните производи.

Премиерот Ковачевски по обиколката на производството истакна дека оваа компанија ги препозна нашите стратешки политики во земјоделството, кои биле од голема помош „Бучен Козјак“ да се развива, осовременува со нова механизација, стручен кадар, за нивниот квалитет да биде препознатлив кај потрошувачите.

„Млекарницата освен што користи финансиска поддршка за поврат на инвестиции, исто така аплицирале и за субвенционирано снабдување со електрична енергија, мерка која е дел од пакетот антикризни мерки што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза. Во исто време, со владините антикризни мерки сме потпора и сигурност и за работниците и за работодавците. Исто така со овие мерки овозможивме производителите на прехранбените производи да имаат стабилна и поевтина струја, а тоа очекувам наскоро да влијае и на стабилизирање на цените на производите што ги произведуваат, бидејќи целта ни беше во исто време да ги заштитиме и граѓаните од ценовните шокови. Радува фактот што „Бучен Козјак“ е дел од многуте компании кои инсталирале фотоволтаични системи, за сопствено производство на електрична енергија, со што 30% од електричната енергија си ја произведуваат сами. Со законските измени кои ги направивме освен што се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти, исто така овозможивме да се врши и размена на електрична енергија“, рече Ковачевски и додаде дека оваа Влада и понатаму ќе ги исполнува ветените обврски и кон граѓаните и кон бизнис секторот.

Министерот Николовски рече дека оваа 2022 година ќе биде запаметена како година во која комплетно ги исплативме заостанатите обврски кон земјоделците. „Подготвивме план и динамика со кој целосно ги исплативме над 20.000 сточари во вкупна вредност од 1,4 милијарди денари, кон одгледувачите на говеда, овци, пчели и кози.

Целосно ја исплативме поддршката за млекопроизводителите за периодот октомври 2020 – септември 2021, со што над 500 милиони денари завршија на сметките кај околу 6.000 млекопроизводители. Дополнителна исплата кон млекопроизводителите реализиравме преку Интервентната програма, каде исплативме 114 милиони денари кон околу 6.000 млекопроизводители.

Овие реализирани мерки од страна на Владата, уште еднаш ја потврдуваат нашата силна посветеност и грижа за секој земјоделец, за секој еден граѓанин.

Со новиот Буџет за 2023 година обезбедивме досега најголем, историски, буџет во земјоделството. Буџет чии средства се обезбедени за реализација на новата земјоделска реформа и новите програми за поддршка поставени на пет клучни столбови за поддршка”, изјави Николовски.

„Бучен Козјак“ има традиција  за купување и преработка на млеко долга скоро 40 години. Уште во осумдесеттите години оваа компанија го препознала потенцијалот за откуп на млеко во овој регион, денес дневно преработуваат 50 тони сурово млеко.

 


 

Изјава на премиерот Димитар Ковачевски за посета на „Бучен Козјак“

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја посетија компанија од млечната индустрија „Бучен Козјак“ во Куманово. За време на посетата продискутираа со сопствениците и со вработените кои истакнаа дека континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се препознатливи и по кое ја стекнале довербата од граѓаните за нивните производи.

Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Ковачевски во целина:

„Драго ми е денеска што сум во компанијата „Бучен Козјак“, благодарам за топлото добредојде. Јас како човек кога некогаш бил 22 години дел од приватниот сектор, велам дека кога во една компанија се споделуваат исти квалитети како енергија, знаење и вештини, упорност и напорна работа и тогаш кога ги има тие квалитети успехот е неминовен. Затоа им честитам на „Бучен Козјак“. Нивната традицијата за купување и преработка на млеко е долга скоро 40 години, а тоа говори за посветеност во унапредување и развој на оваа компанија. Уште во осумдесеттите години оваа компанија го препознала потенцијалот за откуп на млеко во овој регион, за денес, како што ме запознаа вработените, „Бучен Козјак“ дневно да преработува 50 тони сурово млеко. Тоа говори за успешен развоен модел кој наскоро верувам ќе ѝ овозможи на компанијата освен на домашниот пазар своите квалитетни призводи да ги пласира и надвор од земјата, не само во регионот, туку и пошироко.

Ова компанија исто така ги има препознаено и стратешките политики во земјоделството и тие биле од голема помош „Бучен Козјак“ да се развива, осовременува со нова механизација, стручен кадар, за нивниот квалитет да биде препознатлив кај потрошувачите.

Млекарницата освен што користи финансиска поддршка за поврат на инвестиции, исто така аплицирале и за субвенционирано снабдување со електрична енергија, мерка која е дел од пакетот антикризни мерки кои ги донесе Владата и што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза. Во исто време, со владините антикризни мерки сме потпора и сигурност и за работниците и за работодавците и за граѓаните. Исто така со овие мерки овозможивме производителите на прехранбените производи да имаат стабилна и поевтина струја, а тоа очекувам наскоро да влијае и на стабилизирање на цените на основните прехранбени производи што ги произведуваат, бидејќи целта ни беше во исто време да ги заштитиме и граѓаните од ценовните шокови.

Радува фактот што „Бучен Козјак“ е дел од многуте компании кои инсталирале фотоволтаични системи, за сопствено производство на електрична енергија, со што оваа компанија 30% од потрошувачката на електрична енергија ја задоволува од свое производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
Со законските измени кои ги направивме освен што се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти, што овозможува да се врши и размена на електрична енергија.

Имаме визија за енергетска трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостаток на енергенси. И истата динамично ја спроведуваме. Со правилна поддршка и правилно менаџирање, јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата државата во зелен енергетски во хаб на Европа и да обезбедиме и енергетска независност, но и да го снабдиме регионот со струја од обновливи избори.

Тоа е иднината и иднината не е недостижна. Ние веќе ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме вложување во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места, ќе ни донесат подобра заедничка иднина.

 

Оваа Влада и понатаму ќе ги исполнува ветените обврски и кон граѓаните и кон бизнис секторот. Мојата цел е економски развој на земјата, затоа како Влада со сите сили се бориме да ги надминеме сите предизвици и проблемите да ги решаваме така како што најдобро треба да се решат. Заложбата на оваа Влада е Северна Македонија да биде почитувана меѓу земјите од големото европско семејство каде се стремиме наскоро да бидеме и ние.

Ви благодарам.“

 

 

 

 

Извор: Влада

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе