HomeОпштиниИлинден: Отворена ликовната изложба ,,Патување” на Новица Трајковски

Илинден: Отворена ликовната изложба ,,Патување” на Новица Трајковски

spot_img
spot_img

Во галеријата на Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден е отворена ликовната изложба на академскиот уметник од општина Илинден, Новица Трајковски наречена ,,Патување”.

Изложба е по повод одбележувањето 40 години работа и 60 години живот на нашиот истакнат уметник, а љубителите на ликовната уметност имаа можност да погледнат околу 45 врвни уметнички дела на Трајковски.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ја прогласи изложбата за отворена, истакна дека оваа изложба е прекрасно да се види, а вакви уметнички дела кои се толку оригинални и во кои е вложено многу љубов, не можат да се видат на друго место. Упарувајќи благодарност до академскиот сликар Новица Трајковски за неговиот придонес во развојот на културата, уметноста во општина Илинден, додаде дека тој е поттик и за многу други уметници да одат по неговиот пат.

Новица Трајковски ја нарече изложбата ,,Патување” но како што вели тој, ова не е обично патување, туку патување во светлината, во вистината. За сликарството на Новица говореа Соња Ризова Јовановски, директорка на Центарот за култура на Славјанскиот универзитет во Свети Николе, историчарот на уметност, Љубен Пауновски и поетот Ефтим Клетников.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија – 2026 година

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 Предвремени Парламентарни избори во Србија - 2026 година Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија