ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека се поставени и воведени во функција два нови паркомати на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“. Паркоматите служат за наплата на паркинг услуга, со што ќе се намали метежот и ќе се олесни протокот на возила на јавното паркиралиште.
Во моментов претрпијатието располага со четири паркомати кои се поставени на одредени локации и тоа кај клиниките за: Гинекологија, Хирургија, и Детски болести и кај Инфективно одделение.
Наплатата за паркинг услуга на паркоматите може да се врши готовински, како и безготовински т.е со банкарска картичка, што претставува убрзување на процесот на наплата.
Извор: ЈП Градски паркинг – Скопје