spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваТренчевска: Родовата еднаквост е фокусот за 2023 година

Тренчевска: Родовата еднаквост е фокусот за 2023 година

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на својата посета во Република Хрватска се сретна со правобранителката за родова еднаквост, Вишња Љубичиќ.

 

На средбата се разговараше за новиот закон за еднакви можности на Република Северна Македонија како и за планот за воспоставување на секретаријатот за еднакви можности во нашата држава.

Министерката информираше дека е особено горда за воспоставувањето на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање кој е трет ваков во светот, додека е единствен во регионот. Таа истакна дека тоа е одлична можност за регионална соработка како и зајакнување на капацитетите во насока на внесување на родова сензитивност во буџетите. Правобранителката рече дека во наредниот период Република Хрватска ќе биде насочена кон новиот проект за родова еднаквост со фокус на онлајн насилството и споделување на интимни фотографии. Исто така се разговараше и за меѓународната конференција за родова еднаквост која е во план да се реализира во првата половина на 2023 година во Република Хрватска на која ќе земе активно учество и Република Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...