МНР: Османи со годишен брифинг за работата на МНР годинава како и за проекциите во 2023 година

МинистерстваМНР: Османи со годишен брифинг за работата на МНР годинава како и...

Најчитано

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес одржа брифинг со претставниците на медиумите, посветен на најзначајните надворешно-политички активности, на Министерството за 2022 година, како и за претстојните активности и проекции за 2023 година.

 

Во рамките на отчетот,  Османи ги издвои како посебно важни: Во рамките на европските интеграции на земјата, стартот на преговорите со ЕУ, постигнувањето 100% усогласеност со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија, како и потпишувањето на Договорот со Фронтекс како пресвртна точка во преговорите; Во рамките на односите со САД, Османи го потенцираше Стратешкиот дијалог, како ново поглавје во партнерството меѓу двете земји; од аспект на мултилатералата – учеството на земјава во ОБСЕ тројката, и успешното претседавање со медитеранските партнери; меѓу другите Османи го напомена и влезот на земјата во Унијата за Медитеранот, набројувајќи ги притоа и бројните постигнувања во однос на добрососедските односи, европското досие на земјава, унапредувањето на билатералните односи, поставувањето на државата на мултилатерален план, како и многубројните проекти што се однесуваат на економската дипломатија и дијаспората.

Со новинарите, Османи разговараше и за претстојните најголеми предизвици што надворешната политика на нашата земја некогаш ги презема, и тоапреземањето на претседавање со најголемата безбедносна организација на континентот, ОБСЕкако и со Процесот за Соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и А5 (САД-Јадранска повелба).

Османи упати благодарност до медиумите за нивната посветеност кон темите од надворешната политика годинава, изразувајќи очекување за уште поширока и подлабока соработка и во годината што претстои.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе