spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Исаки на Состанок на Советот на Организацијата за црноморска економска соработка

МНР: Исаки на Состанок на Советот на Организацијата за црноморска економска соработка

На покана на потпретседателот на владата и министер за надворешни работи и интеграција, Нику Попеску, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска економска соработка, заменик-министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, на 21 декември 2022 година, учествуваше на 45-тиот онлајн Состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка.

Во своето обраќањеЗМНР Исаки изрази благодарност до молдавското претседателство за нивната успешна работа и посветеност на платформата која ги обединува сите земји-членки на БСЕК дури и во време на неизвесност и потешкотии што резултираа со неможност да се продолжат тековните процеси во Организацијата во нејзиниот карактер.

Како најмлада земја-членка на семејството на Црноморската организација, ЗМНР Исаки истакна дека учеството на Северна Македонија е значајно за зајакнување на соработката меѓу земјите од регионот на Црното Море во Организацијата каде може да се споделат научените лекции и идни проекти, со што регионот на Црното Море станува конкурентна и одржлива област.

Во својот настап пред министрите на земјите членки на БСЕК, ЗМНР Исаки  се осврна на потребата од изнаоѓање начини за поуспешно надминување на последиците од светски размери со коишто се соочуваат државите во Европа и пошироко во светот, со акцент на справување со последиците од руската агресија врз Украина, справувањето со енергетската криза, зголемувањето на отпорноста на демократиите, како и приоритетите за дејствување во трансатлантските односи.

Во тој контекст, ЗМНР Исаки ја нагласи важноста од стабилност и соработка во Регионот, како и економските реформи и развојот на земјата и потенцијалите што ги нуди регионалната соработка во економскиот сектор. 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...