spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи во Подгорица на одвоени средби со Претседателот Ѓукановиќ и Премерот...

МНР: Османи во Подгорица на одвоени средби со Претседателот Ѓукановиќ и Премерот Абазовиќ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на посета на Црна гора по повод министерскиот состанок на САД – Јадранска Повелба на групата А5, реализираше и одвоени средби со Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, како и со Премиерот на земјата Дритан Абазовиќ.

На средбите беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу двете земји, активностите поврзани со сојузништвото во НАТО, како и заедничките предизвици поврзани со преговорите на двете земји за полноправно членство во Европската Унија.

На средбите стана збори и за геополитичките околности на меѓународен план, со посебен фокус на руската агресија врз Украина и последиците што тоа ги предизвикува во регионот; при што Османи ја реафирмираше поддршката за Украина од страна на Северна Македонија на секое можно ниво.

Османи реферираше и за приоритетите и предвидените активности на Северна Македонија во рамките на претстојното претседавање со ОБСЕ во 2023 година, посочувајќи на состојбите во Украина и враќањето на мирот и стабилноста на терен, како најважни предизвици за Организацијата во претстојната година.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...