spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Самех Хасан во Каиро

МНР: Средба Османи – Самех Хасан во Каиро

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на иден претседавач со најголемата Организација за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ и во својство на актуелен претседавач со групата Медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Арапска Република Египет, Самех Хасан Шукри Селим, во Каиро.
На средбата, беа констатирани традиционално добрите пријателски односи меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план, при што беа разменети и мислења за натамошен развој на севкупната соработка.
Воедно, министерот Османи го информираше соговорникот за приоритетните цели на Северна Македонија во рамки на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, разговараа за интензивирање на соработката со групата медитерански партнери особено дека руската агресија врз Украина и обременетото геополитичко опкружување уште повеќе ја истакнуваат важноста на Медитеранските партнери, како уникатен аранжман што го нуди ОБСЕ за размена на добри практики, дијалог и споделување  искуства.
Исто така Османи истакна: „Во Египет гледаме партнер во унапредувањето и спроведувањето на Медитеранската агенда на ОБСЕ и земја на која може да сметаме во справувањето со денешните и иднините глобални безбедносни предизвици“.

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...