spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на средба со министерот за трговија и индустрија на Египет,...

МНР: Османи на средба со министерот за трговија и индустрија на Египет, Салех

Во рамки на работната посета на Арапската Република Египет, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи оствари средба со министерот за трговија и индустрија на Египет, Ахмед Самир Салех.
Османи и Салех ги реафирмира добрите билатерални односи и континуираниот раст на трговска размена во различни области како што се земјоделството, прехранбената, текстилна индустрија, и слично.
Двајцата соговорници се осврнаа на економскиот потенцијал на двете земји за размена на храна и земјоделски производи во насока на подобро справување со актуелните предизвици поврзани со безбедноста на храната и потребата од диверзификација на залихите со храна.
“Имаме висококвалитетни земјоделски производи и потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и затоа треба да вложиме напори и да ја искористиме секоја можност за натамошно зајакнување на трговската размена меѓу нашите земји“ – порача Османи.
Во овој контекст, Османи го информираше соговорникот за посветеноста на Владата во насока на интензивирање на економската дипломатија и креирањето на поволни услови за странските инвеститори со цел идентификување на Северна Македонија како доверлив и транспарентен економски партнер за реализација на нивните проекти.

Прочитајте

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ,...

0
Почитувани, Министерот за здравство, д-р Илир Демири, заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, специјалната претставничка на...