spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваТренчевска: Сите корисници на услуги на МТСП ќе бидат дел од...

Тренчевска: Сите корисници на услуги на МТСП ќе бидат дел од моите предновогодишни спомени

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со предновогодишно расположение го посети и Центарот за лица со даунов синдром во Скопје.  Во центарот моментално има 17 корисници од 3 до 26 годишна возраст, додека целосно објектот има капацитет за 24 лица. Во просториите на центарот поставена е опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема како и соби за одмор.

Тренчевска за време на својата посета разговараше со присутните за нивниот секојдневен живот, нивните активности како и за стручната работа од страна на кадрите вработени во центарот.

Министерката имаше прилика да изработи новогодишни честитки заедно со корисниците и да ги проследи изведбите на нивните омилени песни.

За време на средбата еден од корисниците ја информираше министерката дека е студент и моментално е четврта година и дека е во исчекување на моментите за изработка на неговата дипломска работа.

На крај министерката им додели новогодишни пакетчиња кои се дел од заедничката соработка со Филип Морис Македонија.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...