АХВ: Заврши првиот циклус обуки за безбедност на храната во кујните во градинките

Самостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Заврши првиот циклус обуки за безбедност на храната во кујните во...

Најчитано

Агенцијата за храна и ветеринарство го заврши првиот циклус обуки за обновување и стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи. Обуките се спроведоа со цел превенирање на можни  инциденти поврзани со храната во предучилишните установи и нив ги спроведоа тимови од стручни лица од Агенцијата.

Со едукативните работилници за безбедноста на храната, од средината на ноември досега, опфатени беа 19 градинки од десетте скопски општини и на нив присуствуваа над 350 вработени лица од предучилишните установи кои се задолжени за прием, подготовка и делење на храната за децата. Од почетокот на идната година, обуки од овој тип ќе се одржат и во другите општини во земјава.

Со обуките, акцент беше ставен на правилната примена на HACCP принципите согласно Законот за безбедност на храна, барањата за безбедност на храната поврзани со подготовка на тендерска документација за набавка на храна за  кујните на предучилишните установи, како и на прашања кои непосредно се однесуваат на безбедносните критериуми за прием, контрола, подготовка и делење на оброците, избор на прибор и опрема за подготовка на храна и на средства за чистење и дезинфекција и друго.

 

2

 

Храната во градинките, беше истакнато на обуките, треба да обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на децата, бидејќи тие, поради возраста, се исклучително чувствителни на физичките, микробиолошките и хемиските опасности кои можат да се пренесуваат преку храната. Затоа, таа треба да е подготвена според законските критериуми за квалитет и безбедност, да ги следи принципите на добра хигиенска и добра производствена практика во целиот процес.

 

3

 

Иницијативата на АХВ за обновување и унапредување на знаењата за безбедноста на храната, на вработените лица од предучилишните установи кои се задолжени за прием, подготовка и делење на храната за децата во градинките, ја поддржаа општините во Градот Скопје и локалните самоуправи во земјава.

 

5

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе