spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: По сомнежот за труење со храна, спроведена вонредна инспекциска контрола во...

АХВ: По сомнежот за труење со храна, спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом Пелагонија

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со  Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната.

Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за  генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се 6 мостри од храната која се послужувала и  8 брисеви од работните површини и опремата.

Кујната ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста и по контролата која ќе направат инспекторите со која ќе се потврди дека се преземени сите наложени мерки за отстранување на констатираните недоследности.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија