spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Стефковски додели награди за најубави и најуспешни новогодишни декорации

Гази Баба: Стефковски додели награди за најубави и најуспешни новогодишни декорации

Општина Гази Баба традиционално секоја година избра најубаво новогодишно декорирани дворови, тераси, училишта и градинки. Заеднички придонесуваме за посвечен изглед на општината во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

По тој повод добија награди оние пријавени, кои Комисијата составена од администрацијата ги посети и избра за најубави и најуспешни декорации.

Награда за најубаво украсена тераса доби Даниела Давчевска-Петреска од населба Автокоманда, за најубаво украсен двор Сања Петровска од населба Хиподром и Марјан Стефановиќ од населба Ченто.

За најубаво украсено основно училиште награда доби ООУ „Григор Прличев“ од населба Железара, а за најубаво украсен објект, градинката „25 Мај“- објектот „Сонце“.

Наградите им ги додели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој на денешната средба ги поздрави наградените и им ги честита новогодишните и божиќни празници, а воедно им посака и во иднина да продолжат со својата креативност.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Аеродром: Се уредува фудбалското игралиште во Долно Лисиче

0
Општина Аеродром во соработка со претставници од фудбалскиот клуб „Победа Долно Лисиче“ го уредува фудбалското игралиште во Долно Лисиче кое со години претставуваше целосно...