spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Донесен Буџетот за 2023 година

Ѓорче Петров: Донесен Буџетот за 2023 година

Општина Ѓорче Петров го донесе Буџетот за 2023 година во вредност од 359.182.303,00 денари

Советниците на општина Ѓорче Петров го изгласаа Буџетот на општината во вредност од 359.182.303,00 денари.

Буџетот е изработен тргнувајќи од основните цели за фискална стабилизација, економичност, рационалност во трошењето на буџетските средства и намалување на сите непродуктивни трошоци.

Најголем процент од вкупните расходи припаѓаат на следниве категории на расходи: капитални расходи – 39,16 проценти од вкупните расходи, потоа следуваат расходите за набавка на стоки и услуги – 38,09 проценти и плати и надоместоци во износ од 16,60 проценти.

Во буџетот на општината за следната година предвидени се средства и за реконструкција на улици, изработка на проекти за изградба на градинки и улици, изградба на игралишта, спортски терени, детски катчиња и пречистителни станици.

Во 2023 година со средства од буџетската каса предвидени се и дигитализација на услугите за граѓаните, изработка на урбанистички планови, нови капацитети за водоснабдување, еднократна парична помош за ранливи категории и новороденчиња, поддршка за спортисти и спортските клубови, заштита на животна средина, јавна чистота и култура.

При изработка на буџетот земени се во предвид и идеите и потребите на граѓаните кои општината ги доби по пат на јавна анкета и отворен ден со граѓаните.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...