spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Усвоен основниот концепт на Законот за плати

МИОА: Усвоен основниот концепт на Законот за плати

Меѓуресорска работна група, формирана од претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, од Министерството за финансии, од Министерството за труд и социјална политика и од Генералниот Секретаријат, заедно со експерти на СИГМА, изработи драфт Закон кој ги регулира правилата по кои во иднина ќе се уредуваат платите во јавните институции.

Законот ги опфаќа сите 1346 институции на јавниот сектор со 132 088 вработени кои се опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор, сите избрани и именувани лица, како и вработените во сите трговски друштва во целосна државна сопственост или во сопственост на единиците на локалната самоуправа.

Законот предвидува врз основа на правилата во законот да има повеќе различни области, и тоа:

–           Законодавната власт,

–           Извршната власт,

–           Судската власт,

–           Локалната самоуправа,

–           Избраните, именуваните и назначените лица,

–           Трговските друштва во целосна државна сопственост.

Во рамките на секоја од овие области може да се уредат еден или повеќе потсистеми. На пример, во рамките на извршната власт ќе има еден потсистем за државните органи, еден потсистем во образование, еден потсистем за здравство, еден потсистем во култура итн.

Основниот концепт на Законот за плати, на предлог на МИОА беше усвоен на седницата на Владата на Република Северна Македонија, со што е исполнета уште една предвидена цел.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...