spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Усвоена Информацијата за потпишување на меѓународна спогодба со Европската Унија за...

МИОА: Усвоена Информацијата за потпишување на меѓународна спогодба со Европската Унија за програма Дигитална Европа за 2021-2027 година

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување на меѓународна спогодба помеѓу Европската Унија и Северна Македонија, за учеството на Северна Македонија во програмата на Унијата – Дигитална Европа – Digital Europe (DIGITAL), за периодот 2021-2027 година.

Владата го овласти министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити да ја потпише Спогодбата, со што Република Северна Македонија од 01.01.2023 година ќе биде земја членка на програмата, а сите граѓански организации, компании и институции ќе може да учествуваат во проектите кои се реализираат преку оваа програма.

Дигитална Европа-Digital Europe (DIGITAL), е нова програма за финансирање на ЕУ фокусирана на доближување на дигиталната технологија до бизнисите, граѓаните и јавната администрација. Со планиран вкупен буџет од 7,5 милијарди евра (во тековни цени), има за цел да го забрза економското закрепнување и да ја обликува дигиталната трансформација на европското општество и економија, носејќи придобивки за сите, особено за малите и средни претпријатија.

Иако е насочена пред сè кон зајакнување на дигиталните капацитети на Унијата, Digital Europe (DIGITAL) дава можност за поврзување и на земјите-кандидати, како и на земјите од програмите за добрососедство.

МИОА ја увиде можноста од зачленувањето во Програмата за дигитална Европа која ќе обезбеди стратешко финансирање за да се одговори на ИТ предизвиците, со оглед на фактот што програмата поддржува проекти во 5 клучни области: суперкомпјутери, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување широка употреба на дигитални технологии низ економијата и општеството, вклучително и преку дигиталните иновациски хабови.

Дигиталната технологија и инфраструктура имаат клучна улога во нашите животи и работење.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...