spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Обраќање на министерот Алити за сработеното во изминатата година

МИОА: Обраќање на министерот Алити за сработеното во изминатата година

Почитувани,

Дозволете ми на крајот на годината да направам своевидна ретроспектива на клучните елементи на кои работевме во изминатава година и кои ќе бидат вовед и основа за пропулзија во наредната 2023 година.
Една година по моето именување за министер за Информатичко општество и администрација, ги споделувам моите видувања, перцепција и анализа за сработеното.
Практикувајќи ги оперативните вредности како интегритет, лојалност и чесност а воден од инструменталните вредности, сметам дека транспарентноста, отчетноста но и борбата против корупцијата ќе бидат препознатлив белег на моето делување во изминатава година. Посветеноста при работењето во корелација со истакната ерудиција овозможија синергетски делувања и остварување на заедничките цели, компатибилни на стратегиските цели на државата. Затоа сметам дека интегритетот односно квалитетот на дејствување кој го прикажав а кој е во согласност со општо прифатените морални вредности и норми а во корист на јавниот интерес е синонимот за борба против корупцијата. Во оваа битка ламентација не беше опција а компетентноста и компетенциите овозможија директно справување со аномијата.
Тргнувајќи од синтагмата дека немам право на картите кои што верувам дека треба да ми бидат доделени, но дека имам обврска да изиграм најдобро што можам со оние карти што ми се доделени започнав со идентификување на проблемите на макро, мезо и микро ниво со цел изнаоѓање на адекватни решенија за истите. Тоа значеше предлагање на нова организациска структура каде главна и видлива улога ќе имаат организациските облици и работните места преку кои се креираат и анализираат политиките. Согласно тоа и зајакнување на професионалните капацитети на министерството. Мојот фокус беше согледување на реалните потреби на МИОА односно стратегиските цели како и тековните и оперативните планирани активности. Ова беше година каде фокусот се стави и на подобра внатрешна координација, преку редовни колегиуми, секторски координации и работни состаноци.

Годинава што измина фокус беше ставен на обезбедување услови за МИОА да биде во можност да одговори на предизвиците поврзани со трансформација, унапредување, раст и развој заснован на технолошки достигнувања, трендови и практики. За да се одговори на една таква сериозна и одговорна задача мојот фокус беше насочен кон примена на холистички пристап преку креирање на соодветна организација и систематизација на работните места во министерството потребна за остварување на надлежностите и стратегиските приоритети, подобрување на ефективноста, оптимизација на процесите, проценка за потребните просторни, финансиски и човечки ресурси и елиминација на несуштинските функции. Она што го сметав за прерогатив е балансирање на структурната поставеност со функциите кои се извршуваат, како и овозможување на процес на креирање на поддржувачка организациска култура во министерството.
Искористувањето на институционалната меморија на претпријатието, соодветното распоредување и функционална поставеност која е во корелација со соодветното вреднување на вложениот труд, ерудиција и постигнати резултати сметам дека беше основата на моето делување. Силно сум убеден дека преку практикување на трансформациското водство и референтната моќ успеавме да се справиме со предизвиците кои креираа опортунитетен трошок во целокупниот систем на делување а воедно и иницираа организациска ентропија што беше дијаметрално спротивно од нашиот прагматичен пристап кој го применуваме.
Мојот интерес и премиса при делувањето беше почитување и соодветно вреднување на вработените. Согласно на тоа креирањето на унифициран систем на следење, мерење и оценување на учинокот и ефектите од работата на вработените беше моја цел при делувањето. На тој начин пристапуваме и кон соодветно евалуирање, но и подобрување на квалитетот на изведбата, воспоставување на систем на оценување на вработените на индивидуално или на ниво на тимови. Тоа е во интерес на вреднување на трудот, компетенциите и ориентираноста кои остварување на резултати.
Ова беше година кога преку еден процес на когнитивни дисонанци конвергентните пристапи добија признание во МИОА а конформизмот и медиокритетството беа на сериозен удар.
За нормално функционирање и креирање на услови за пропулзивност мој предлог беше јасно разграничување на функциите кои се спроведуваат во министерството. На овој начин ќе се обезбеди квалитет во спроведувањето на функциите, постигнување на целите но и ќе се овозможи развивање на вработените и стекнување со соодветни компетенции за нивното работно задолжување.
Како приврзаник на теоријата за мотивација на Херцберг сметав и делував во насока на надминување на предизвиците со обезбедување на основните хигиенски фактори, пред се мислејќи на техничката опрема и на условите за вработените кои се прерогатив за нивно непречено делување, безбедност и здравје при работата и спроведување на исклучително исцрпувачки оперативни зафати кои во исто време бараат компетентност, истрајност, пожртвуваност и посветеност со цел реализација на тие сложени операции

Министерството за информатичко општество и администрација оваа година ја одбележа со некои суштински достигнувања од инкрементална вредност во различни процеси.

Во областа на дигитализацијата, направивме големи чекори со креирање на две најважни стратегии на ова поле, т.е.

 Национална стратегија за сајбер безбедност 2023-2026
 Национална стратегија за ИКТ 2023-2027 година
 Законот за безбедност на мрежи и информациски системи
 Идентификувавме 8 сектори на критична информатичка инфраструктура.
 Паралелно со ова, предложивме мерки за намалување на веројатноста за сајбер напад.
 Во соработка со министерот за образование и наука и ITU (International Telecommunication Union) , ја започнавме иницијативата за проектот „заштита на децата онлајн“, кој претставува важен проект за зајакнување на безбедноста на децата на Интернет на национално ниво.
 Во однос на унапредувањето на дигиталните платформи, можам да истакнам дека:
 На платформата „Open Data“ се објавени околу 580 сетови податоци, од кои 180 се објавени и ажурирани во текот на оваа година.
 Во меѓувреме, на платформата за интероперабилност беа потпишани договори со 27 нови институции, со што соработката меѓу институциите ке биде по ефикасна и ветувачка
 Што се однесува до дигиталните услуги, бројот на дигитални услуги во Националната платформа за услуги достигна 226 услуги, (каде што само во текот на оваа година успеавме да додадеме околу 44 нови услуги)
 Вреди да се напомене дека во текот на оваа година беа дигитализирани важни услуги како што се услуги за пасош, лична карта, возачка дозвола и сл.
 Бројот на регистрирани на uslugi.gov.mk достигна 87.388, (односно околу 24.742 нови корисници само оваа година).
 Обезбедивме бесплатна обука за административните службеници и граѓаните за „Сајбер хигиена“
 Исто така, со поддршка на мисијата на ОБСЕ и во соработка со владата, развивме електронски курс насочен кон зајакнување на интеркултурната компетентност и управување со различностите во јавните институции – Објавување на курсот за интеркултурализам на платформата LMS (Learning Management System) за онлајн обука.
 MIOA, исто така, учествуваше во Отворената работна група за безбедност и употреба на информатички и комуникациски технологии (OEWG) формирана од Генералното собрание на ОН. Во оваа прилика, Северна Македонија, во согласност со ЕУ и нејзините земји-членки, се придржуваше до коментарите и предлозите споделени од земјите-членки и се согласи на усвојување на финалната верзија на Резолуцијата на Генералното собрание за годишниот извештај за напредокот.
 Неодамна обезбедивме учество во програмата и организацијата Дигитална Европа, која претставува многу важна програма финансирана од ЕУ фокусирана на доближување на дигиталната технологија до бизнисите, граѓаните и јавната администрација.
Во областа на јавната администрација
Успеавме да финализираме неколку закони кои се квинтесенција за ефикасно функционирање на државната администрација а истите воедно се и катализатор на отпочнатите процеси:
 Закон за административни службеници и Закон за вработените во јавниот сектор; чии нови верзии беа објавени во ЕНЕР во септември 2022 година, а кои овозможуваат деполитизација на администрацијата, меритократски систем за вработување и оценување, правична и соодветна застапеност и професионалност на администрацијата.
 Исто така, во завршна фаза сме на изготвување на Законот за висока раководна служба – кој обезбедува професионалност и ја зголемува одговорноста на институциите при одлучувањето.
 Успеавме да ја заокружиме Новата стратегија за реформи во јавната администрација (2023-2030),
 Додека во текот на оваа година започнавме со пилотирање на проектот за реорганизација на државата во три министерства и тоа Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за економија и Министерството за земјоделство и верувајќи во придобивките од овој процес, веруваме дека до 2024 г. сите министерства ќе почнат со реорганизација.
 Среќни сме што со нашата иницијатива ја подготвивме нацрт верзијата на Законот за плати и за прв пат во државата концептот на овој закон беше дефиниран на владина седница. Овој закон претставува суштински и неизбежен закон за регулирање на платите на вработените во јавниот сектор, вклучително и акционерските друштва, и покрај неговата сложеност, нашите напори продолжуваат и во наредната година да го завршиме истиот.
Во областа на медиумите, која претставува една од нашите најчувствителни политики,
 Формиравме Работна група со експерти номинирани од Делегацијата на ЕУ во Скопје за усогласување на Законот за медиуми и Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.
 Во меѓувреме, успеавме да продолжиме со еден од најважните проекти на ова поле – тоа е Креативна Европа.

 Освен овие, Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Министерството за дијаспора успеа успешно да го започне и проектот „Центар за дијаспора“, проект кој овозможува поврзување на нашите граѓани во дијаспората со институциите, обезбедувајќи ја имплементацијата и олеснувањето на нивните права и процедури.
 Сепак, во однос на нашето внатрешно и оперативно работење, можам да истакнам дека 100% успешно го реализиравме годишниот план за вработување и напредување.

Ова е само еден дел од мозаикот што го конструиравме со цел избегнување на контингенцијата и создавање инкрементално зголемување на напредокот, кој обезбедува ефективност и ефикасност во работата на институциите. Пат кој исто така овозможува креирање на апологети за борба со корупцијата, пат кој обезбедува парамаунт демократски вредности, обезбедува благосостојба и достоинствен живот за граѓаните и приклучување во семејството на Европската Унија.

Очекуваме 2023 година да биде година во која ќе се надминат палијативните решенија и ќе се стават во функција сите сили и капацитети за да се исполнат целите и процесите кои ќе овозможат справување со дисторзивните ефекти од една страна и позитивно ќе се одразат на благосостојбата на граѓаните од друга страна. Како инхерентен дел на Европа сметам дека ќе продолжиме да инклинираме кон Европската Унија.

Затоа, со надеж дека 2023 година ќе биде година на наши заеднички успеси, година на големи чекори и историски промени, на сите ви посакувам среќни Божиќни и новогодишни празници. Среќна Нова 2023 година.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте