spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Одржана јавна расправа за Нацрт верзијата на Националната Стратегија за развој...

МИОА: Одржана јавна расправа за Нацрт верзијата на Националната Стратегија за развој на Информациски и комуникациски технологии 2023-2027

Презентирање на Нацрт верзијата на Националната Стратегија за развој на Информациски и комуникациски технологии 2023-2027 и дискусија за истата, беше целта на јавната расправа.

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити на денешната јавна расправа истакна дека Владата на РСМ, преку МИОА, е цврсто решена во своите заложби да ги користи предностите на ИКТ индустријата и да создаде напредно информатичко општество, а со тоа да ја зголеми продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и приватниот сектор.


Министерот Алити во оваа дебата, заедно со Дрита Муртезани – специјален советник за ИКТ како и други внатрешни и надворешни експерти, ја презентираше целта и фокусот на оваа стратегија

„Сестраното и рационалното инвестирање во развојот на дигиталната средина, зголемувањето на квалитетот и достапноста до јавните услуги како што се креирање на дигитален амбиент кој дава пристап и можност за користење на е-услугите се целите на кои внимателно и посветено работиме со тимот од ИТ секторот во МИОА’’, рече Алити.

Министерот потенцираше дека Националната стратегија за ИКТ 2021 – 2025 се фокусира на утврдување на приоритетните области во ИКТ-секторот и има за цел да ја подготви РСМ за сестрана и оспособена дигитална иднина.


Алити додаде дека Нацрт верзијата на Националната Стратегија за развој на Информациски и комуникациски технологии 2023-2027 се базира врз четири столба кои се детектирани како клучни за забрзување на социјалниот, еколошкиот, индустрискиот и технолошкиот напредок и создавање решенија за одржлив животен циклус:

-Дигитална поврзливост и државна ИКТ инфраструктура;
-Дигитални вештини – за нашите граѓани да бидат опремени со дигитални вештини и само така можеме да имаме високо влијание врз продуктивноста за да обезбедиме економски раст и отворање работни места;
-Дигитална влада – за понатамошна модернизација на јавната администрација, зголемување на употребата на дигитални платформи и иновативни дигитални интеракции;
-Дигитализација на бизниси, ИКТ овозможувачи и дигитални иновации – на тој начин овозможувајќи им на нашите бизниси да се претворат од локални играчи во глобални конкуренти.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...