МЖСПП: Сумирани резултати од Извештајот за анализата на локалитетот Пеленица

МинистерстваМЖСПП: Сумирани резултати од Извештајот за анализата на локалитетот Пеленица

Најчитано

Министерството за животна средина и просторно планирање пред два месеца одвои околу три милиони денари и инвестираше во истражување на локацијата Пеленица за да се утврди дали и колку се контаминирани почвата и подземните води на таа локација за кои има сознанија дека е депониран историски отпад од Охис и од други околни индустриски капацитет. Резултатите од спроведеното истражување покажаа дека:

•       На неколку мерни места на локацијата, постои висока концентрација на HCH (линдан) во покривниот слој. Имено на минимална длабочина помала од 20 cm забележан е градежен шут и отпад од фабриката за стакло, а на минимална длабочина 50 cm чист отпад од HCH. Не беше постигнато хоризонтално разграничување на контаминираниот површински слој од почва; се претпоставува дека обемот на депонијата под површината е сличен на обемот на контаминираниот површински слој на почва.

•       Претпоставката дека HCH (линданот) бил фрлен во бетонски базени (саркофази) се покажа како неточна,бидејќи не беа пронајдени базени или друга форма на задржување на HCH-отпадот во текот на спроведеното истражување

•       Согласно резултатите депонијата содржи неколку видови опасен отпад:

–       Чист отпад од HCH е забележан во неколку ровови, се проценува дека има 40.000 тони отпад од HCH (линдан) со уште 6.500 тони на мешан отпад од HCH и отпад од фабрика за стакло.

Понатаму,примероците покрај HCH содржат и високи концентрации на, хлоробензени и диоксини и фурани).

–       Се наиде на многу материјали за пакување (на пример, пластични и хартиени кеси), главно празни.

–       Се наиде само на едно метално буре со отпад, другите буриња можеби биле отстранети во минатото, а содржината од истите расфрлана на локацијата. Нема индикации дека се случило значително одлагање на отпадот од HCH во буриња на депонијата.

–       Се наиде на многу отпадоци од стакло и стаклена волна кои доаѓаат од фабрика за стакло.

–       Во повеќе бушотини и ровови забележан е градежен отпад и отпад од рушење.

•       Ненарушената почва, под депонијата, е контаминирана, меѓу другото, со HCH. Длабочината на контаминираната почва останува непозната, т.е. со сегашните аналитички резултати не е добиено вертикалното разграничување.

•       Контаминацијата во површинскиот слој на почвата предизвикува еколошки ризици бидејќи контаминацијата е присутна во контактната зона.

•       Резултатите од подземните води покажуваат дека истите во близина на локацијата се контаминирани и дека постои ризик од миграција на загадувачите.

Изработена е и Проценка на ремедијацијата, при што се предложени три опции за ремедијција (минимална, средна и максимална). Со користење на алатката за оценувањенаречена Повеќекритериумскаанализа заодлучување (ПКАО) како најдобра опција e оценета минималната опција. Минималната опција има највисока оценка врз основа на дадените оценки за придобивките   за животната средина, трошоците, техничката изводливост, планирањето, проектните ризици и социјалното влијание. Со оваа опција спречуваат/ограничуваат сите еколошки ризици со спречување на миграцијата на загадувачите во и надвор од локацијата. Ова се постигнува со покривање на локацијата, вклучувајќи го и насипот, за да се спречи директен контакт со контаминираната површинска почва и да се ограничи идната инфилтрација на дождовните води во локацијата. Контаминираните фреатски подземни води и контаминираните подземни води на аквиферот(ите) ќе се мониторираат со цел пропишување на евентуални ограничувања за користење на фреатските подземни води и водоносните слоеви врз основа на резултатите од мониторингот.

Критериумите кои беа земени во предвид во процесот на ПКАО се следниве:

1. Намалувањето на ризикот постигнат со ремедијацијата

2. Еколошките придобивки од ремедијацијата

3. Трошоците за ремедијација

4. Планирање на ремедијацијата

5. Техничка изводливост на техниката(ите) за ремедијација

6. Фактор на ризик на ремедијацијата

7. Социјалното влијание на ремедијацијата

 

ПОГЛЕДНЕТЕ

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе