spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Нови 4 противпожарни возила за 4 општини од Вардарски плански регион

Кавадарци: Нови 4 противпожарни возила за 4 општини од Вардарски плански регион

Во Кавадарци градоначалникот Митко Јанчев, заедно со градоначалниците од општините Велес, Неготино и Свети Николе присуствуваа на примопредавање на четири противпожарни возила, за потребите на четирите територијални противпожарни единици од Вардарскиот плански регион од страна на Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Вардарски плански регион.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 32.000.000 денари од кои 24 милиони се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, а 8 милиони се кофинансирање од четирите општини.

Со реализацијата на овој проект се зајакнуваат капацитети на четирите Територијални противпожарни единици кои што ќе ги покриваат и останатите пет општини од Вардарскиот плански регион кога и да е тоа потребно.

Извор: Општина Кавадарци 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...