spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Работен состанок на Градоначалникот за реализација на идни проекти во Вардарски...

Кавадарци: Работен состанок на Градоначалникот за реализација на идни проекти во Вардарски плански регион

Градоначалникот Митко Јанчев во просториите на Општина Кавадарци имаше и работен состанок со министерот за Локална самоуправа Ристо Пенов, градоначалниците на општините Велес, Неготино и Свети Николе, директорот на Вардарски плански регион, со претставници од Амбасадата на Република Турција во Македонија, како и членови на управниот одбор на македонско – турската стопанска комора на кој се разговараше за можностите за идна соработка се со цел реализација на идни проекти кои што би значеле развој на Вардарски плански регион.

Од страна на градоначалниците беа презентирани можностите за развој на нашиот регион, додека од страна на официјалните претставници од управниот одбор на МАТТО беа презентирани развојните проекти на ниво на цела држава.

 

 

 

 

Извор: Општина Кавадарци 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...