spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Надминат праг на алармирање во Битола, прекинат во Кичево и Гостивар

МЖСПП: Надминат праг на алармирање во Битола, прекинат во Кичево и Гостивар

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мернoто место во Битола – Битола 2.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Битола 2
03/01/2023 163.04
04/01/2023 207.57

*концентрациите се изразени во mg/m3

Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Кичево за епизодата на алармантно загадување на воздухот.

Исто така, ве информираме и дека согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 02.01.2023, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Кичево и Гостивар, каде престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...