spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструирани три спортски игралишта во парк шумата Гази Баба

Град Скопје: Реконструирани три спортски игралишта во парк шумата Гази Баба

JП Улици и Патишта по налог на градот Скопје целосно ги реконструираше спортските игралишта во парк шумата „Гази Баба“.

Игралиштата за фудбал, ракомет и кошарка се реконструирани за првпат по неколку децении, а партерно се уредува и зазеленува и теренот околу игралиштата.

Истовремено, екипи на Комунална Хигиена Скопје заедно со екипи на ЈП „Улици и Патишта“ во заедничка акција подигнаа големи количини отпад и шут од парк шумата „Гази Баба“, а инспекторатот на град Скопје активно делува во општината со цел санкционирање на загадувачи.

Граѓаните кои живеат на овој дел од градот Скопје, добиваат уште едно катче за спорт и рекреација.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...