Ковачевски: Привршува конзервацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, заштитата на културното наследство е приоритет

ВладаКовачевски: Привршува конзервацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, заштитата на културното...

Најчитано

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска вчера како дел од посетата на преспанскиот регион, ја посети и црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново. При тоа, на премиерот Ковачевски му беа презентирани тековните градежни активности за заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново, којашто претставува несекојдневен пример на византиската уметност од XII век.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е позната по најстарото сочувано ѕидно сликарство кое претставува несекојдневен пример на византиската уметност од крајот на XII век (1191 година), особено по оригинални фрески меѓу кои и фреската на Ангелот Гаврил од Курбиново (како дел од композицијата Благовештение), која е отпечатена и на банкнотата од 50 денари. Почнувајќи од 2013 година, реализирани се неколку проекти за заштита и конзервација на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, како што се конзерваторски истражувања, анализи, реконструкција и активности за конзервација на црквата, за што досега се исплатени над 360.000 евра, буџетски средства.

Заштитата на културното наследство и натаму претставува еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за култура. За таа цел, Владата континуирано вложува во заштита на културните добра, меѓу кои е и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, која веќе е впишана на тентативната листа на УНЕСКО (44. сесија на Комитетот на УНЕСКО за светско наследство -Фуџу, НР Кина, јули 2021 година), што е прв чекор во процесот  на впишувањето на едно добро на Листата на УНЕСКО на светско наследство. Изработката на досието за впишување на оваа листа беше извршено од страна на надлежната институција, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј–Битола и се одвиваше согласно Оперативниот водич на УНЕСКО за имплементација на Конвенцијата за светско наследство.

Претходно, во втората половина на 2019 година беше изработен Основниот проект за архитектурата и статиката на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, чија реализација поради глобалната здравствена криза, отпочна во 2021 година. Најголем дел од конзерваторските работи се завршени до крајот на 2022 година. За 2023 година, останува да се заврши изведбата на потпорниот ѕид на северната страна и соодветни дренажни канали, како и конзервацијата на ѕидното сликарство во ентериерот и екстериерот на црквата. Целосната реализација на сите сегменти на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, вклучува и изведба на настрешници за заштита на ѕидното сликарство на фасадата.

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе