spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Обраќање на градоначалникот Пулис за престојната соработка

Карпош: Обраќање на градоначалникот Пулис за престојната соработка

Драг и почитуван градоначалник Јакимовски,

Сакам да Ви се заблагодарам за Вашето топло гостопримство во Скопје, а посебно во Вашата општина Карпош.

Би сакал да кажам неколку збора за нашата општина. L-Isla (Senglea) која е дел од пристанишниот регион. (Port Region).

Една е од трите града на пристаништето и има 2800 жители.

L-Isla  има титула на “неосвоен град” бидејќи никогаш не била освоена од отоманската империја во големиот поход на Малта  во 1565 година.

Денес сме тука после иницијалниот состанок оддржан минатиот месец во Декември,

за да го потпишеме договорот за збратимување со оваа убава земја Македонија односно со општината Карпош.

Искрено верувам дека нашето пријателство ќе биде обострано и нашите партнерски односи ќе бидат успешни кои ќе резултираат со имплементација на нови проекти и активности помеѓу двете општини.

Соработката помеѓу двете општини во меѓународниот сектор е одлична можност за размена на искуства, практики и промоција на нашите општини преку имплементација на нови проекти и активности.

Оваа потенцијална соработка е реципроцитет, посебно во полето на образованието и културата каде заеднички ќе аплицираме за фондови од Европската Унија, затоа и овие проекти ќе бидат од големо значење.

Малта е место каде што голем број на Македонци живеат и работат, затоа е многу важно интензивно да работиме заедно во различни сектори.

Се надевам дека апликациите со ЕУ ќе бидат успешни и ќе ни биде чест дека Карпош ќе биде партнер на проекти на кои ќе аплицира општината Isla.

Ви благодарам уште еднаш, се надевам ќе се видиме наскоро во Малта.

 

Clive Pulis

Градоначалник на Л-Исла

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...