spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стипендии за студии во Романија за академската 2023/2024 година

МОН: Стипендии за студии во Романија за академската 2023/2024 година

Министерството за образование и наука информира дека Министерството за надворешни работи на Романија започна програма за стипендирање на странски државјани за академската 2023/2024 година.

Стипендиите ќе бидат наменети за странските државјани кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ, за додипломски, магистерски и докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација.

Сите потребни информации за овие стипендии заинтересираните кандидати можат да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Романија: https://www.mae.ro/en/node/10251

Апликациите за овие стипендии се доставуваат во електронска форма, најдоцна до 01 март 2023 година, на следнава веб-страница:

https://scholarships.studyinromania.gov.ro/

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...