spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Мерките што се креираат за поддршка на земјоделците даваат ефект бидејќи...

МЗШВ: Мерките што се креираат за поддршка на земјоделците даваат ефект бидејќи се подготвени дирекно со земјоделците

Реакција на министерот Љупчо Николовски на соопштението од партијата ЛЕВИЦА

 

Оваа година откако повторно го предводам министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но и претходно, докажавме дека може поинаку и подобро да се работи

За разлика од едно претходно време субвенциите наместо селективно со подготени листи, денес се даваат еднакво на сите земјоделци кои аплицирале и ги исполнуваат условите. Министерството работи транспарентно и отворено со земјоделците, кои директно се вклучени во подготовката на сите мерки.

Па така заедно со директна вклученост на земјоделците се подготви и донесе Националниот план за производство на храна, чија цел е стабилизирање и поддршка на домашното производтво на храна. Потоа единствена земја бевме во регионот која навремено подготви Интервентна програма за поддршка на сите земјоделци во услови на криза.

Заедно со земјоделците и стручната јавност го подготвуваме и новиот модел за субвенционирање, модел кој дава решение за сите досегашни проблеми на земјоделците, побрза и навремена исплата и поголема контрола. Веќе започна и авансната исплата на субвенциите. Во декември 2022 ја реалзииравме првата авансна исплата кон овоштарите, онака како што ветивме, исплаќајќи 123,2 милиони денари кон 9.563 овоштари. Веќе од оваа 2023 година авансно ќе бидат исплатени субвенциите кон сите земјоделци.

Како држава сме лидери во регионот по искористеност на средствата од ИПАРД 2 програмата и токму затоа Европската Комисија одлучи да го зголеми буџетот со новата ИПАРД 3 програма каде добиваме 97 милиони евра неповратна ЕУ поддршка за модернизација на земјоделството.

Го развиваме концептот на договорно производство и во тоа минатата година успеавме кај сончогледот, каде бележиме за три пати поголемо производство, а овој успех беше и главен мотив за да ја започнеме измена на моделот за субвенционирање. Благодарение на мерките за дополнителен приност и поддршка при набавка на вештачко ѓубриво бележиме зголемено производство на житни култури со добра и висока откупна цена. Досега највисока откупна цена бележиме и кај лозарите, а за прв пат тутунарите имаат година во која комплетно целиот тутун е отупен пред крајот на откупниот рок со досега највисока откупна цена од 290 денари по килограм.

Обезбедивме за 2023 година најголем буџет во земјоделството вреден 12 милијарди денари, средства со кои целосно ќе биде реализиарана најголемата реформа во земјоделството преку новиот модел за субвенционирање, средства за поддршка на малите семејни производители на храна и вино, средства за продолжување и започнување на нови капитални инвестиции во водоснабителни капацитети, зголемен буџет за пошумување и обнова на опожарените подрачја и средства за модернизација на македонското земјоделство.

Сите овие мерки и политики сме ги подготвиле заедно и во директна конултација со земјоделците, земјоделските здруженија и стучната јавност и токму затоа овие мерки го дале очекуваниот ефект.

Земјоделството е сектор каде место за политика не треба да има. Секоја добронамерна критика, сугестија или предлог е добредојден.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...