МЗШВ: Заеднички да работиме и соработуваме подобрувајќи ги земјоделските и прехранбени производи, овозможувајќи на целото население здрава и безбедна храна достапна за сите

МинистерстваМЗШВ: Заеднички да работиме и соработуваме подобрувајќи ги земјоделските и прехранбени производи,...

Најчитано

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството учествуваше на 15-тата Берлинска Конференција на министрите за земјоделство, која се одржува во рамки на меѓународниот саем Зелена Недела во Берлин.

На годинешната Берлинска Конференција 70 министри за земјоделство од целиот свет, разговара како да ја подобрат соработката и заеднички да создадат одржливи глобални системи за храна.

Министрите за земјоделство заеднички го утврдија и текстот на финалното коминике за заеднички одговор на глобаните кризи, нагласувајќи ја важноста од преземање навремени и брзи активности за справување со актуелната криза со храна, со цел да се постигнат одржливи системи за храна.

„Глобалните кризи бараат глобален одговор и акција. Подготвени сме заеднички да ги ублажиме последиците од климатските промени и исцрпувањето на природните ресурси, а истовремено и да ги задоволиме потребите за исхрана на нашето население. Истражувањата, иновациите, дигиталните решенија како и размената на искуства можат да придонесат многу за воспоставување на систем за храна отпорни на кризи. Преку одговорна чесна работа, можеме да го зачуваме биодиверзитетот, здравјето на почвата како и нашите традиционални култури. Ајде заедно да работиме и соработуваме, и да ги подобриме земјоделските и прехранбени производи со што ќе му овозможиме на цело население пристап до здрава и безбедна храна. “, истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Министерот Николовски заедно со министрите за земјоделство од Западен Балкан учествуваше на состанокот со Постојната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD каде дебатираа за трансформација на системите за храна како глобален одговор на повеќекратните кризи во контекст на Зелената Aгенда за Западен Балкан.

Добрата регионална соработка и солидарност, отворените граници и слободното движење на стоки и луѓе и отворениот пазар се нашите главни сили за соочување со глобалните предизвици во последните години. Само заедно и обединети можеме да ги надминеме сите предизвици.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе