spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаДефинирани се наредните чекори за воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин

Дефинирани се наредните чекори за воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа работен состанок со естонскиот експерт Раул Каидро и претставници од Министерството за внатрешни работи, на кој беа анализирани натамошните чекори за воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин во Република Северна Македонија врз основа на Планот за воспоставување на национален електронски идентитет со План за реализација, што беше усвоен на вчерашната владина седница.

На состанокот, на кој присуствуваа и претставници од амбасадата на САД во земјава, како поддржувачи на целиот процес, експертот Каидро го презентираше Концептот во кој се дефинирани сите натамошни чекори, како и структурата што треба да биде воспоставена за да се воведе електронски идентитет, предуслов за процесот на дигитална трансформација на општеството.

Вицепремиерката Грковска оцени дека станува збор за комплексен процес, но дека сите надлежни институции мора целосно да се посветат на планот за реализација на оваа активност, бидејќи преку дигитална трансформација може да ја унапредиме ефикасноста на институциите, во интерес на граѓаните.

Процесот на дигитална трансформација на општеството, како и воспоставувањето на електронски идентитет, Република Северна Македонија го реализира преку естонскиот Центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување, со поддршка на амбасадата на САД во земјава.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...