Ковачевски: Македонскиот јазик е признаен во ЕУ, пред нас е шансата за членство до 2030 година

ИнтервјуаКовачевски: Македонскиот јазик е признаен во ЕУ, пред нас е шансата за...

Најчитано

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервјуто за српскиот дневен весник „Политика“ посочи дека денес македонскиот јазик е заштитен и рамноправно признаен меѓу европските јазици, а евро-перспективите се достижна цел до 2030 година, што е резултат на вистинските патриотски политики што ги застапуваат тој како премиер и проевропската Влада.

„Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не е можно да зависат од кого било, освен од нас, големото мнозинство граѓани во Република Северна Македонија, кои се чувствуваме Македонци и пишуваме и говориме македонски јазик.

Идентитетските определби се чувство – тоа, ниту некој го дава, ниту некој може да го земе. Ние сме Македонци, кои пишуваат и зборуваат македонски јазик. Имаме своја македонска историја, култура, традиција по којашто сме како посебен народ и посебна држава препознаени и признаени во светот. Македонскиот јазик е признаен и прифатен рамноправно меѓу европските јазици, за што конкретен доказ е веќе потпишаниот договор со ФРОНКЕКС.

Европските интеграции се иднината на целиот Западен Балкан. Тоа за нашите држави и за регионот значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и обезбедување предвидливост во безбедноста и стабилноста на целиот Западен Балкан.

Ова второво, по војната во Украина, посебно стана јасно и за Европската Унија. Ние географски сме дел од Европа и потребно е заедништво во надворешната политика, посебно кога станува збор за одбраната на мирот и демократските вредности.

Воопшто не е далеку тоа да се случи во 2030 година, туку напротив е рационална и достижна цел, за да ги реализираме потребните реформи на домашен план и да ги унапредиме економиите и билатералните односи, преку активна, искрена и одржлива регионална соработка.

Јас сум реален човек, немам пракса да застапувам оптимизам или песимизам, туку сум определен да дејствувам кон тоа што сметам дека носи добро за граѓаните и за државата.

Не калкулирам со лични и политички интереси, туку целосно се ангажирам да придонесам во тоа добро.

За мене, тоа е чин на врвен патриотизам, кон својот народ и својата земја и така ќе продолжам да работам“, порача премиерот Ковачевски, во интервјуто за српскиот дневен весник „Политика“.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе