spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Одржан состанок за соработка за Сајбер Безбедност

МИОА: Одржан состанок за соработка за Сајбер Безбедност

Вчера во просториите на Министерството за информатичко опшетство и администрација се одржа иницијален работен состанок помеѓу претставници од Министерството и Полковник Седрик Грусе, раководител на проект од Директоратот за соработка во областа на безбедност и одбрана при Министерството за надворешни работи и за Европа на Република Франција и г-ѓа Анита Рамаданова, ассистент на Аташето за внатрешна безбедност при Амбасадата на Република Франција во Скопје.

Полковникот Грусе, го презентираше проектот за формирање Центар за градење на капацитети за сајбер безбедност на Западен Балкан, кој ќе биде со седиште во Црна Гора. Овој проект е резултат на заедничка иницијатива меѓу Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Министерство за надворешни работи на Словенија.  Писмото за намери за формирање Центар за градење на капацитети за сајбер безбедност на Западен Балкан, со седиште во Црна Гора, е потпишано  во Подгорица, во средината на ноември 2022 година, од страна на Франција, Црна Гора и Словенија.

Во своето излагање, г-динот Грусе истакна дека, проектот е дизајниран за да ја прошири соработката на Франција со Западен Балкан и ќе помогне да се зајакне регионалната соработка на полето на сајбер безбедноста, што е актуелен предизвик во сегашниот контекст. Покрај организирање на обука на обучувачи и експерти од целиот регион, целта на овој Центар ќе биде и зајакнување на  оперативните и институционалните капацитети на владите од земјите од Западен Балкан во функција на справување со сајбер заканите и нападите. Активностите за обука на Центарот, кои целосно ќе се темалат на стандардите на ЕУ, ќе го опфатат сајбер криминалот, сајбер безбедноста и дигиталната дипломатија.

Од страна на претставниците од Министерството за информатичко општество и администрација, беше поздравена оваа иницијатива и беше изразена целосна подготвеност за отпочнување на плодна соработка низ конкретни активности. Истовремено, беше посочено дека, компонентите на овој проект се целосно компатибилни со актуелните и планираните активности на министерството во областа на сајбер безбедноста, а функција на превеција, справување и заштита.  Во тој контекст од страна на претставниците од Министеството за информатичко општество и администрација беа наведени преземените и актуелните активности на национално ниво и во рамки на меѓународата соработка во областа на сајбер безбедноста. Во таа смисла, посебно беше подвлечено дека, компонетите од презентираниот проект целосно се вклопуваат во клучните приоритет и активности на актуелната Стратегија за сајбер безбедност и на Стратегијата за сајбер безбедност на Република Северна Македонија за 2023-2027.

На состанокот, преставници од Министерството информатичко општество и администрација беа, Дрита Муртезани, Димитар Манчев, Душица Бошковска и Станислав Василковски.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...