spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба со амбасадорката на Кралството Шведска

МИОА: Работна средба со амбасадорката на Кралството Шведска

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска оствари работна средба со амбасадорката на Шведска во Скопје, нејзината екселенција, Ами Ларсон Џаин, со која разговараа за актуелната ситуација и предизвиците, како и за заедничките приоритети.

Во однос на приоритетите кои се од одлучувачко значење за евроинтегративните процеси, министерот ја информираше амбасадорката за посветеноста кон изработката на Стратегијата за сајбер безбедност и плановите за создавање на Агенцијата за сајбер  безбедност, како важен елемент во националната безбедност.

Воедно, министерот потенцираше дека дигитализацијата на услугите и реформите во јавната администрација се меѓу нашите главни активности, како напор за зајакнување на институциите, за професионализација на администрацијата и за подигање на благосостојбата на граѓаните, како и создавање механизми за спречување на корупцијата и зголемување на демократските вредности.

,,Ги потврдивме одличните односи и цврстото партнерство меѓу двете земји, и ѝ се заблагодарив на амбасадорката за досегашната поддршка. Се договоривме дека ќе имаме континуирани средби за продлабочување на ова партнерство“, истакна министерот Алити.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...