spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Успешна промоција на македонските компании на овогодишнешниот саем АГРО Белград 2023

МЗШВ: Успешна промоција на македонските компании на овогодишнешниот саем АГРО Белград 2023

Делегација на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предводена од министерот Љупчо Николовски, денеска учествуваше на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство АГРО Белград 2023.

Меѓународниот саем АГРО Белград претставува водечки сеам за производителте на овошје, зеленчук и вино во регионот. Саем каде се вмержуваат реномирани домашни, регионални и светски копании и купувачи создавајќи нови контакти меѓусебе.

Производители на свежо, замрзнато и преработено овошје, зеленчук и грозје, потоа земјоделски машини од популарни брендови, системи за наводнување, системи за градобијна заштита, расадници, семенски и хемиски компании како и други компании кои ја покриваат областа на земјоделството, се само дел од на 500 излагачи од регионот и светот кои учествуваат на годинешениот саем АГРО Белград 2023.

На македонскиот штанд, во рамки на годинешното саемско издание се претставија повеќе реномирани македонски компании, преработувачи на овошје, зеленчук и производители на вино, финасиски поддржани од министерството. Посетителите на саемот имаа можност да ги вкусат убавото македонско вино, традиционалниот македонски ајвар, но и другите производи изложени на нашиот штанд.

Како министерство преку програмата за рурален развој обезбедивме финасиска поддршка за учество и реализација на 50 домашни и 15 меѓународни манифестации за промоција на македонските земјоделски производи и пијалоци.

Министерот Николовски и министерката за земјоделство на Србија Танасковиќ упатија порака за уште позасилено темпо на меѓусебна собработка, гарантирајќи на граѓаните во двете држави сигурна снабденост со храна.

Република Северна Македонија и Република Србија имаат одлична меѓусебна соработка како во делот на меѓусебните договори и протоколи така и во делот на трговската размена.

Иницијативата Отворен Балкан се покажа како добра и исправна одлука во вистинско време, која веќе ги дава своите резултати. Како соседни држави, на дело ја покажавме солидарноста, човечноста и меѓусебната соработка во време на прехранбената, економска и енергетска криза.

Важен е и конференцискиот дел во рамки на саемот АГРО Белград, кој оваа година опфати актуелни теми од областа на овоштарството, градинарството и лозарството. Една од главните теми на конференцискиот дел бeше справувањето со климатските промени и нивното влијание врз промените во производството на овошје и зеленчук.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте