spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Бруто плата 2023 - Најниска и највисока основица за пресметка на...

УЈП: Бруто плата 2023 – Најниска и највисока основица за пресметка на придонеси

Просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2023 година изнесува 49.397 денари согласно објавата од Државен завод за статистика линк.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2023 година.

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2023 година изнесува 24.699,00 денари (50% од 49.397)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2023 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 790.352,00 денари (16 x 49.397)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2023 година за самовработено лице изнесува 592.764,00 денари (12 x 49.397)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар

ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА
(пресметки / исправки)
 2023 2022  2021 2020  2019
49.397 43.509 41.141 38.319 36.017
2018 2017 2016 2015 2014
34.079 32.877 32.268 31.644 30.902
2013 2012 2011 2010 2009
30.595 30.591 30.349 29.829 27.507

Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2022 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.

 

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

Карпош: Актите кои ги носи секторот Инспекторат ќе бидат достапни на...

0
Заради поголема транспарентност и отчетност кон јавноста, Општина Карпош на својата официјална веб страница ќе ги објавува актите кои на неделно ниво произлегле, односно...