spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПремиерот Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите...

Премиерот Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати силна порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот.

На денешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција.

Овој ден е ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7.144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат.

Наша цивилизациска одговорност денес е да градиме свет во којшто има место за сите. Република Северна Македонија успешно се развива во Едно општество за сите, со еднакви права, слободи и обврски за сите граѓани и со нашиот пример ќе продолжиме да ја испраќаме пораката дека различностите не се пречка, туку богатство.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...