spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Нови сообраќајни знаци и опрема и воведување „Зона 30“ во населбите

Делчево: Нови сообраќајни знаци и опрема и воведување „Зона 30“ во населбите

Во Делчево во тек е поставување собраќајна сигнализација на новоизградените улици и патишта, како и на пофреквентните улици во градот, додека во делови од населби, каде вообичаено има поголема фреквенција на возила и пешаци, се воведуваат зони, каде задолжителна брзина на движење на возилата се ограничува на 30км/ч. Со оваа активност е планирано да се постават 290 сообраќајни знаци и опрема во Делчево.

Сообраќајна сигнализација се поставува на улиците „Орце Николов“, „Скопска“, „Острец“ , „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и локалниот пат Делчево – Тработивиште, улиците „3“и „4“ кои водат до новиот градски пазар .

Со поставувањето на сообраќајните знаци и опрема се имплементираат утврдените режими на сообраќај на улиците во градот Делчево, но и на локалниот пат Л-1 Делчево – Тработивиште со што ќе се изврши навремено известување на сите учесници во сообраќајот за режимот под кој се одвива сообраќајот, а со тоа и ќе се зголеми безбедностa во сообраќајот на предметната улица и нивото на услуга на сите учесници во сообраќајот.

Во населбата Ново Делчево преку воведување на „Зона 30“ се ограничува брзина на движење на возилата во зоната до  30км/ч. Како влезови во оваа зона се определени постоечките пристапи во населбата преку улиците „Орце Николов“, „Скопска“ и улицата „Кеј на ослободување“. Со поставувањето на хоризонталната и вертикална сигнализација која се однесува на движењата на пешаците, се подобруваат условите за безбедно движење на пешаците. На улицата „Лика Чопова“ се воведува еднонасочен сообраќај со влез од улица „Ленинова“ и излез на улицата „Орце Николов“.

На улицата „Острец“ поставувањето на сообраќајната сигнализација се однесува на делот кој беше реконструиран и крстосницата со улицата „Маршал Тито“ со што на возачите и пешаците ќе им биде обезбедено точно и навремено информирање во однос на условите за одвивање на сообраќајот, а со поставената сообраќајна опрема ќе се придонесе за безбедно одвивање на сообраќајот.

На улицата „Вера Јоциќ“ се воведува ограничување на брзината на движење од 30 км/ч во делот на пристапот кон СОУ „Методи Митевски- Брицо“ и поставување техничко средство за забавување на сообраќајот.

Сообраќајната сигнализација на улиците „Орце Николов“ и „Скопска“, „Острец“ и Делчево – Тработивиште е финанасирана во рамки на проектот за подобрување на локалните патишта преку Министртво за транспорт и врски при што планирано е да бидат поставени околу 115 знаци и опрема (сообраќајно огледало и заштитна ограда).

На улиците „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и Улица „3“ и „4“ е планирано да бидат поставени околу 175 знака, обезбедени со финанасирање преку Буџетот на Општина Делчево.

Извор: Општина Делчево 

Прочитајте