spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Поставени нови 90 лед-светилки

Делчево: Поставени нови 90 лед-светилки

Деновиве заврши инсталирањето на 90 енергетско-ефикасни лед -светилки кои беа обезбедени во рамките на проектот „Подобрување на јавните општински  услуги во Општина Делчево, грант за успешност (Набавка и поставување на 90 ЛЕД- светилки)“.

Со оваа активност беа заменети стари флуоресцентни светилки од јавното осветлување со нови лед- светилки во населбите Стар Расадник, дел од Старо Делчево, селата Стар и Нов Истевник, дел од селото Драмче, патот за с.Полето и село Бигла.

 Финансиските средства се обезбедени како грант- средства од Светска банка во износ од 1.400.000 ден, а овој приоритет е избран од страна на граѓаните по спроведни анкетни прашалници, „Урбана ревизија“, како и форуми во зедницата. 

Градоначалникот Трајковски посочи дека со поставувњето на овие светилки се зголемува енергетската ефикасност во општината и се подобрува квалитетот на јавното осветлување.

-Поставувањето лед-светилки во јавното осветлување е дел од активностите кои ги презема Општината во рамките на енергетската ефикасност. Досега преку разни проекти и донатори се инсталирани во градот Делчево и околните населби околу 1.200 енергетско-ефикасни светилки, а на ова прашање ќе продолжиме да работиме и наредниот период, бидејќи поставувањето енергетско-ефикасно осветлување носи заштеда на енергија и заштита на животната средина, истакна Трајковски.

Извор: Општина Делчево 

Прочитајте