spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Лани, одржани 70 културни настани

Гевгелија: Лани, одржани 70 културни настани

Околу 70 настани од областа на културата, минатата година,беа одржани во Гевгелија. Било да се организирани од културните институции по повод одбележување празници, патрони или од поединци уметници, едноставно за збогатување на културно-забавниот живот и за сечиј вкус на граѓаните од општина Гевгелија, во најголем број со поддршка од Општина Гевгелија.

Во рамките на своите програми за работа за 2022 година, најголем дел од културните настани беа во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Пионерски дом- Гевгелија, како и Националната установа Народен музеј- Гевгелија.

 

Гевгеличани имаа можност да проследат настани и манифестации од областа на театарот, музиката, ликовната уметност, книжевноста и сл.. Не изостанаа и одржувањата на традиционалните манифестации кои се белег на културата во Гевгелија, како: културно-уметничката манифестација „За тебе љубов моја“ која минатата година го забележа своето 20. издание, фолклорната манифестација „Ѓуро Мара“, Меѓународниот натпревар по пијано, 14 по ред мултимедијален „Бош Фестивал“ „Спасовден 22“ и чествувањето на општинскиот празник „7 Ноември“ со неколкудневна богата програма.
ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија во својата листа на одржани настани за 2022 година ги запиша: Изложбата на фотографии „Скопје со културните добра“, stand up настапот на Надица Петрова, „Забава после работа“, театарската претстава „Разведи ме“ на Театарот „Провокација“, „Распена чаршија“, претставите за деца подготвени од Драмската секција, Изложбата на живи скулптури „Колоритот на традицијата“, балетската претстава на НУ Национална опера и балет со балетската претстава „Ла, ла, ла“, Џез-концертот на дуото Филип Динев и Пенче Кралев, Концертот на Влатко Сапламаев и Кико Раденов, Концертот на Oлд Скул Портеро, Децата на старата школа (Узи и ТриМ) и Огнен Бокс-Битер, театарската претстава „Име“ од сопствената продукција, Изложбата на Летната ликовна школа, Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, Изложба на фотографии и презентација на видео-материјали „Манастирите и црвките во Гевгелиско (Стара Гевгелија), монодрамата „Глумецот е глумец“ на „Транзен“- Струмица, Меѓународниот фестивал за литература и илустрација на „Литера“, Изложбата за афирмација на традиционалната култура и фолклор „Етнокорелошка инсталација“. НОБ со Концертот на оперски арии и балетската претстава „Болеро“, прикажувањата на македонските филмови „Кајмак“ и „Мими“, гостувањето на прилепскиот Театар „Војдан Чернодрински“ со „Мистерија Буфо“, „Арт рок концертот“ на „Шлиц“, како и многубројните концерти на реномирани музички уметници и др.
За љубителите на убавиот пишан збор, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, неколкупати беше организатор на литературни вечери и поетски читања. Реализирани се: одбележувањето на Патрониот празник на Библиотеката- 150 години од раѓањето на Гоце Делчев со Поетска вечер со Никола Маџиров, промоцијата на „Ај шо лафиш“ на Стефчо Стефанов, одбележувањето на 75-годишнината од формирањето на Друштвото на писатели на Македонија, четиридневниот Летен саем на книгата, Литературното читање на роднокрајни автори, промоцијата на поетската збирка „Сонцестој“ од Катерина Гогова, „Месец на книгата“ и промоција на поетската антологија „Метрички карван 9: Гевгелија-Куманово“. Пионерскиот дом- Гевгелија беше организатор на „Априлијада 2022 година“, Мултетничкиот фолклорен фестивал „Фолклорен ѓердан“, традиционалниот дочек на Дедо Мраз, како и домаќин на самостојната изложба на Елена Галика „Разновременска кохабитација“ и Изложбата на фотографии, фотопортрети на 20 лица со посебни потреби.
За збогатување на културно-забавниот живот придонесе и НУ Музеј Гевгелија со организираните самостојни изложби- на Димитар Новаков „Гевгелиски добра“, Вангел Срнаков „Поглед преку“, Ѓоргина Спасевска „Допирот има меморија“, Иван Кал’чев „За конечноста“, како и Изложба на ликовни творби под наслов „Живееме под слободно небо“ и Изложба на ракотворби од штитениците на Дневниот центар за лица со попреченост- Гевгелија.

Активен придонес во културниот развој на Гевгелија дадоа и фолклорните групи од Гевгелија: Aнсамблот „Бојмија“, КУД „Танец“- Миравци“, КУД „Браќа Толеви“- Прдејци и КУД „Негорци“- Негорци со одржаните годишни и новогодишни концерти и концерти за одбележувања на нивните годишнини од формирањето.
Минатата година, за развојот на културата во Гевгелија Општина Гевгелија издвои средства во висина од 1.600.000 денари, a со Програмата за финансирање на културните активности поддржа 41 физичко и правно лице.

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...