spot_img

Гевгелија: Продадена градежна парцела за домување во станбени згради на м.в. Пазар

UncategorizedГевгелија: Продадена градежна парцела за домување во станбени згради на м.в. Пазар

Најчитано

Oпштина Гевгелија ја продаде градежната парцела наменета за домување во станбени згради бр. 58, КО Гевгелија, кај м.в. Пазар што беше огласена на последната јавна објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна.

За учество на електронското јавно наддавање на објавената градежна парцела во законскиот рок биле доставени две пријави од понудувачи.

За парцелата, чија почетна цена изнесуваше 2.570 денари од метар квадратен, на електронското јавно наддавање е постигната цена од 5.900 денари од метар квадратен, односно вкупна цена од 6.501.800 денари.

 

По спроведената постапка за јавното наддавање, Комисијата надлежна за водење на постапките за јавно наддавање на градежно земјиште изготви записник и на 25.01.2023 година електронски им го достави на учесниците на јавното наддавање.

По изминување на законскиот рок од 3 дена по добивањето на записникот од аукцијата, доколку нема поднесено приговори од учесниците, согласно Законот за градежно земјиште, ќе продолжи постапката за отуѓување на предметното земјиште.

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе