spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Јавна покана од Сектор за даноци и такси

Куманово: Јавна покана од Сектор за даноци и такси

Врз основа на член 29 став 1 од Законот за даноци на имот („Сл. весник на РМ“ бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15, 23/16 и 151/21) и член 3 став 1 точка 1 од Законот за комунални такси („Сл. весник на РМ„ бр. 61/04, 64/05, 92/07, 123/12, 154/15, 192/15 и 23/16), Општина Куманово објавува:

Ј А В Н А  П О К А Н А

            За поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2023 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно фирмарина за 2023 година.

Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2023 година (образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:

1.Имот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2022 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.)

2.Имот кај кој настанала промена во сопственоста (отуѓување и сл.).

3.Имот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.)

4.Сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во период од 1994 до 2022 година не поднеле даночна пријава за утврдување на данок на имот.

Даночна пријава се поднесува до Општина Куманово – Сектор за даноци и такси на чие подрачје се наоѓа имотот, најдоцна до 31 јануари 2023 година.

Напомена: Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2022 година, а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот, не поднесува нова даночна пријава.

На даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа ЈАВНА ПОКАНА, ќе им биде изречена парична казна за сторените прекршоци, согласно Законот за даноци на имот.

Пријавата за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно фирмарина поднесуваат таксените обврзници (самостојни вршители на дејност и правни лица) и тоа за:

  1. Регистрирана фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за извршување на соодветна дејност, кои досега немаат поднесено пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса.
  2. Таксени обврзници кои имаат поднесено пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно деловна единица кај кои во досегашниот период постојат промени.

 

 

 

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...